Новиот Model S на Tesla Motors може сам да се паркира и да препознава пешаци и знаци

21

New all-wheel-drive versions of the Tesla Model S car are lined up for test drives in Hawthorne, California

Tesla Motors минатата недела ја претстави верзијата на Model S, што сам може да се паркира и однапред да детектира опасни ситуации, јавува Reuters.

Станува збор за модел што, како што велат од Tesla Motors, има погон на сите четири тркала и развива околу 93 километри на час за 3,2 секунди.

tesla sd

Главниот извршен директор на компанијата, Илон Маск, откри дека овој модел има “дуал мотор“, односно два мотора поставени на двата краја на автомобилот, со цел да му обезбедат подобра контрола.

Овој електричен автомобил има хардвер наречен autopilot, кој меѓу останатото препознава слики, па автомобилот може да “види“ знаци или пешаци. Автомобилот, исто така, може сам да се паркира во гаража, да ја вклучи климата и да препознае евентуални пречки на патот. Но, тој предупредува дека autopilot не нуди целосно автономно возење, но нема да му дозволи на возачот да заспие зад воланот.

Telsa-Dual-Motor-P85D-sm