Новиот Porsche Panamera на жешкиот скопски асфалт

57

Само неколку дена по европската премиера на фестивалот на брзината во Гудвуд, престижниот Porsche Panamera од втората генерација пристигна и во Македонија. Вработените во Porsche Macedonia, како и сите посетители на салонот кои веќе го видоа автомобилот, не останаа рамнодушни на убавецот кој освојува со својот ексклузивен дизајн, моќност на моторот и техничка перфекција, а отсега Porsche Panamera ќе плени погледи и по скопските улици.

DSC_0780

Aвтомобилот претставува хармоничен спој на спортски дух и секојдневна практичност, традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, дизајн и функционалност.

Редизајнираната надворешност е инспирирана од новата генерација на Porsche 911 – истакнати линии, нови LED предни светла, поголеми отвори за воздух и заостренa силуета во задниот дел. Оптимирани се системите за безбедност и погодност како радарска контрола на растојание, а новина е и технологијата за препознавање на сообраќајните знаци со помош на радарската камера.

DSC_0747

Удобноста ја гарантираат комфорните спортски седишта со можност за греење и вентилација, како и изборот на повеќе бои и видови кожа. Информацискиот систем, навигацијата и системот за озвучување од највисока класа се лесно достапни и прегледни благодарение на големиот екран чувствителен на допир во инструмент таблата и модулите за поврзување со различни периферни уреди.

Комплетната палета на втората генерација се состои од 10 модификации. Основниот модел е V6 дизел моторот со 250 КС и забрзување од 0 до 100 km/h за 6,3 секунди, додека топ модел во понудата е верзијата Porsche Panamera Turbo, која може да се нарача и во продолжена верзија – Executive.

DSC_0824

Моторот е 4.8-литарски V8 мотор со 520 КС, времето за забрзување од 0 до 100 km/h e само 4,2 секунди, а максимална брзина е 305 km/h. Како најекономична верзија во палетата се издвојува и Porsche Panamera S со E-Hybrid и plug-in технологија, синхронизиран електромотор со вкупна моќност од 416 КЅ, максимална брзина од  270 km/h и просечна потрошувачка од само 3,1 l/100 km.