Новиот рекламен спот на Сончева Долина – документарец за Кочанските полиња

128

upravna-zgrada-2

Брендот на Mакпрогрес Виница – Сончева Долина има нов рекламен спот, којшто е снимен на локации низ Македонија, поточно по течението на реката Брегалница, крај живописната Кочанска котлина. Широките кадри од Кочанските оризови полиња се документарна фотографија за богатата флора и фауна којашто изобилува во овие краишта.

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микроклима, успева квалитетниот надалеку познат кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на компанијата.

25 години речиси и да не поминал ден во едно македонско домаќинство без некој од производите на Сончева Долина – брендот на Макпрогрес Виница, којшто минатата година во септември го прослави своето јубилејно постоење.

sonceva-dolina

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Овие производи се секојдневно застапени во домаќинствата и прехранбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.

Високиот квалитет, природните услови како и употребата на најсовремена технологија за класифицирање, селекција, чување и пакување на производите од Сончевата долина ги прави овие производи екстра квалитетни.