Новиот робот на Apple расклопува 200 iPhone телефони за еден час

27

Фото: Apple

Apple го претстави новиот робот за рециклирање, којшто може да расклопи 200 модели на iPhone за само еден час. Daisy успешно селектира делови од девет различни модели на  iPhone, па така од секои 100.000 уреди може да “спаси“ 1.900 килограми алуминиум, 770 килограми кобалт, 710 килограми бакар и 11 килограми од одредени ретки елементи, пишува Inhabitat.

Роботот претставува голем чекор за технолошкиот гигант којшто се стреми во иднина целосно да создава уреди од рециклирани материјали. Крајна цел на Apple е да развие производство на затворен систем каде што секој дел од стар производ повторно ќе биде искористен во нова серија.

Планот на компанијата е да постави Daisy роботи на неколку локации во САД и Европа.

Благодарение на иницијативите за рециклирање Apple веќе ја намали потрошувачката на алуминиум од 23% на 25% од 2015 па наваму.