Новиот патнички трамвај R1 (Russian One) личи како од научно фантастичните филмови. Футуристичкиот трамвај има LED осветлување во кабините, удобни софи, дрвени држачи и лизгачки сталени врати што работат на екран на допир.
Трамвајот R1 е конструиран од подружницата на Уралвагонзавод – компанија што е позната по производство на руски тенкови. Прототипот на R1 го презентираа вчера на Innoprom-2014 tech expo.
Внатрешноста на трамвајот е замислена да биде удобна и издржлива. Дизајнерите го жртвуваа бројот на седиштата оставајќи само по 28 во вагон, за да овозможат удобност и повеќе простор за стоење на патниците.
Одредени карактеристики на трамвајот ќе помогнат да се употребува во студените краишта на Русија. Во алуминиумските табли ќе бидат вградени електрични грејачи што ќе овозможат искористување на енергијата при поправка и заштита од смрзнување во зима. Надворешните стаклени панели се специјално дизајнирани и погодни за брза замена. При прекин на струја електричните батерии му овозможуваат на трамвајот да патува самостојно уште 50 километри.
Производителот проценува дека сериската верзија на трамвајот ќе чини еден милион евра и дека ќе има промени на екранот во споредба со прототипот. Пилот проектот за воведување на R1 на руските улици ќе стартува во Екатеринбург. Трамвајот се предвидува да биде пуштен во употреба во 2017 година.
Business Insider ги објави фотографиите на Илја Варламов, кој имаше можност да го фотографира R1 во изложбениот салон.