Новиот Samsung Galaxy S4 отпорен на вода, прашина и безбеден за детска игра

25

Компанијата Samsung лансираше уште еден нов мобилен телефон на пазарот, Samsung Galaxy S4 Active – за кој тврди дека е водоотпорен, отпорен на прашина и така безбедно дизајниран што слободно може да го користат и најмалите.

samsung-galaxy-s4-active-18

Од Samsung  велат дека телефонот е подобрена верзија на веќе постоечкиот S4 handset и е специјално направен така што родителите можат слободно да здивнат доколку нивното дете си игра со него. Неговата цена изнесува околу 560 евра.

Телефонот може да остане под вода до 30 минути при што корисникот може слободно да фотографира и снима со водоотпорната камера. Неговиот LCD екран има Glove Touch елементи, односно истиот може да се користи и со ракавици.

Galaxy_S_4_Active

Samsung Galaxy S4 Active е во директна конкуренција со Sony Xperia Z, кој беше пуштен во продажба во јануари. Тој исто така е отпорен на вода во длабочина до еден метар и може да издржи до 30 минути, исто како и Samsung Galaxy S4.