Новиот ŠKODA Rapid пристигна и во Македонија

16

Rapid_2012_POS_HighlightWall-6Обожавателите на висококвалитетни автомобили по атрактивни цени, сега имаат уште една причина за радост – во салоните на Porsche Macedonia пристигна најновиот член на семејството на ŠKODA – новиот ŠKODA Rapid.

ŠKODA Rapid е автомобил кој импресионира со многу простор, впечатлив дизајн, одличен сооднос цена – квалитет, сеопфатна безбедност и ефикасни мотори. Позициониран меѓу ŠKODA Fabia и ŠKODA Octavia, полека но сигурно, моделот станува репер во сегментот на седани: простран и

елегантен дизајн, бројни паметни решенија, најсовремена технологија и висока ефикасност.

Идеален за семејни патувања или секојдневно уживање, без сомнение Rapid овозможува пријатно возење, а истовремено е и еколошки и со релативно прифатлива цена.

Rapid е првата серија автомобили на ŠKODA која целосно се карактеризира со ново развиениот фабрички дизајнерски лик. Совршените пропорции, јасните и чисти површини и острите линии се комбинираат и се создава целосно привлечен изглед. Предниот крај на автомобилот внесува промени во врска со типичниот дизајн на ŠKODA – новото лого на брендот самоуверено се издвојува на хармонично заоблениот преден раб на хаубата. Предните светла за магла

потсетуваат на традиционалниот облик на детелина со четири листа, а задните го имаат типичниот облик на буквата С.

Новиот потомок на ŠKODA импресионира со изненадувачки простор – должина од 4,48 метри, широчина од 1,7 метри, како и багажен простор од 550 л. Со комфорен простор за пет патници и нивниот багаж, автомобилот е целосно во согласност со филозофијата на брендот – да нуди паметни решенија и одличен сооснос цена-квалитет, како и севкупна безбедносна опрема. Како опции се нудат пет бензински и два дизел мотори.

Потврда за високата безбедност на ŠKODA Rapid се и добиените пет ѕвезди за безбедност од конзорциумот Euro NCAP. Тестот на Euro NCAP потврди дека ŠKODA Rapid има одлични резултати во делот на заштитата на возрасните патници и децата, заштитата на пешаците како и кај помошните системи за безбедност.

Со ова, ŠKODA Rapid е идеален автомобил за семејствата кои се во потрага по простран прв автомобил, кој ги комбинира достапнатата цена и познатиот квалитет на ŠKODA .

Уживајте со модерниот ŠKODA Rapid и дозволете да ги разбуди емоциите во вас!