Новиот VW California пристигна и во Македонија

46

vw 1

Петтата генерација од моделот VW California пристигна во Македонија, благодарение на генералниот импортер за Volkswagen Комерцијални возила – Порше Македонија. Урбан, економичен и мултифункционален модел кој годинава прославува 25 години од своето постоење.

Еден од најпопуларните модели на брендот Volkswagen Комерцијални возила – VW California овој пат импресионира со уште поелегантен дизајн и поголем простор, мултифункционалност и безбедност, како и бројни паметни решенија. Автомобилот е идеален за секојдневно уживање, но и за сите оние кои сакаат да патуваат и истражуваат, притоа да имаат комфорно возење и чувство на слобода на живеењето.

VW California плени со својата атрактивност, економичност и практичност, комфорен внатрешен простор, со стандардни седишта за четворица патници, опционално и за седум, но и со место за спиење за четири возрасни лица. Надворешниот изглед се издвојува со широката странична лизгачка врата со доволно простор за пристап во возилото, како и со специфичен покрив свиткан во задниот дел, карактеристичен за сите претходници на овој модел.

Внатрешноста импресионира со високо-квалитетните материјали, беспрекорна финална изработка, најмодерен мултимедијален систем и систем за навигација. Задните седишта се преклопуваат и се добива комфорен простор за спиење за четири лица. Просторот е опремен со повеќенамеснка кујна – модерни кујнски елементи, мал шпорет, мијалник, простор за чување предмети и масичка која се поставува по потреба.

Опремен е со сета стандардна безбедносна опрема, како и најсовремените безбедносни системи ABS, ASR, ESP, Hill Hold Assist, но и со системот за стабилизирање на приколката што се добива ако се нарача и системот за влечење.

Понудата на мотори се состои од два најсовремени TSI мотори (110 kW/150 KС и 150 kW/204 KС) и пет ТDi и TDi Bluemotion мотори со моќност од 62 kW/85КС до 132 kW/180КС), а може да се одбере помеѓу мануелен или DSG автоматски менувач.
Со ова, VW California Т5 е идеален избор за секојдневно уживање, автомобил кој ги комбинира врвниот квалитет и префинетиот ултимативен дизајн на Volkswagen.

vw 2

vw 3