Новиот Закон за работни односи ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права

92

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостување на Топ Тема за ТВ Телма рече дека новиот Закон за работни односи е системски закон и устав за работничките права. Тој ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права.

„Новиот Закон е во завршна фаза и очекуваме во месец ноември да излеземе на јавни дебати со  вклученост на сите страни. Го работиме низ социјален дијалог со синдикатите и работодавачите, кој треба да биде усогласен со европските права и со конвенциите ратификувани со МОТ. Новина се договорите на определено време, на кои важноста сега им е 5 години. Предлогот на  синдикатите е намалување на 1 година, а на работодавачите 3 години. Верувам дека ќе се најде компромис,” истакна Тренчевска.