Новите Android телефони во Турција без Google апликација

54

Новите Android телефони што ќе се појават во Турција во иднина ќе бидат  без апликации на Google, бидејќи технолошкиот гигант не успеа да ги реши проблемите со надлежните во оваа земја.

Според последните информации, Google ги известил деловните партнери во Турција дека повеќе нема да може да соработува со нив кога станува збор за нови Android телефони. Проблемите започнаа кога рускиот конкурент Yandex поднесе тужба против Google, па во 2018 година компанијата доби наредба да им овозможи на корисниците на Android да изберат други пребарувачи на нивните уреди, а беа дадени шест месеци да ги направат потребните измени, и беше казнета со 17,4 милиони долари.

Од Google велат дека се во преговори со турските власти, пишува Engdget.

Фото: Pexels