Новите норвешки банкноти – мали уметнички дела

137

3

Новите банкноти на норвешката централна банка, кои за неколку години ќе го заменат стариот дизајн од 90-тите, се вистински мали уметнички дела, пишуваат медиумите.

Откако ги разгледа предлозите на осум дизајнерски студија, централната банка (Norges Bank) се одлучи за две решенија. Фирмата за графички дизајн The Mettric System го осмисли решението за предната страна, која ќе го задржи традиционалниот дизајн, а задната страна е дизајн на архитектонското студио Snøhetta од Осло, кое ќе го трансформира норвешкото крајбрежје во пиксели.

Темата на распишаниот конкурс беше Море. Новите норвешки круни ќе бидат пуштени во оптек во 2017 година.

 

1

2