Новите прогнози на IEA го запреа закрепнувањето на цените на нафтата

41

Цените на нафтата на светските пазари не се поместија значително минатата недела, по големиот пад една недела претходно, бидејќи најновите проценки на Меѓународната агенција за енергетика (International Energy Agency – IEA) укажуваат на забавување на побарувачката на нафта поради континуираното ширење на делтата од коронавирусот.

Барел нафта од типот брент на лондонскиот пазар минатата недела падна за 0,15%, на 70,59 долари, забавувајќи го неговиот пад откако потона за 6% една недела претходно, што е најголем пад на цената во последните четири месеци.

Во меѓувреме, на американскиот пазар, цената на барел нафта порасна 0,2 % до 68,44 долари минатата недела, стабилизирајќи се откако потона за 7% една недела порано, најмногу во последните девет месеци.

На почетокот на минатата недела, цените на нафтата донекаде закрепнаа, но повторно паднаа во четвртокот и петокот. Имено, IEA во четвртокот објави дека побарувачката опаднала за 120.000 барели дневно во јули и предвиде дека побарувачката ќе расте со побавно темпо во втората половина од годината.

Фото: Pixabay