Новите, усовршени модели на Audi се закитија со награди на четири континенти

21

Моделите на реномираниот бренд со четири прстени, Audi, продолжуваат да освојуваат престижни награди на речиси сите континенти тргнувајќи од Европа, па сé до Азија, Америка и Австралија.

Новите, надградени и усовршени возила кои се произведуваат во фабриката во Инголштат, Германија се закитија со признанија коишто дополнително им ја зацврстија водечката позиција во премиум класата. Моделите коишто триумфираат на светскиот пазар може да се најдат и во земјава во салонот на импортерот Порше Македонија.

Audi A3 Sedan

Audi A3 во Кина ја доби наградата J.D.Power Award 2015, којашто се доделува врз основа на опсежни анкети направени помеѓу потрошувачите кои го оценуваат квалитетот на новите автомобили во земјата. Возилото го освои првото место во исклучително тешката категорија на луксузни компактни лимузини. Од друга страна, во Швајцарија омилен автомобил е Audi Q7, којшто беше прогласен за возило на годината. Признанието беше доделено врз основа на 68.000 гласови на потрошувачите.

Audi Q7

Новиот Audi Q7 е омилено возило и во Австралија каде доби две награди. Автомобилот првично се закити со пет ѕвезди во рамки на програмата за проценка на безбедноста на новите возила, а како продолжение беше прогласен и за најдобро луксузно спортско возило од страна на реномираниот онлајн магазин drive.com.au. Жирито одвои посебни комплименти за комплетно дигитализираната виртуелна кабина, новиот тач пад и софистицираната изработка.

Audi A6

Во Соединетите Американски Држави највисоките признанија за безбедност отидоа кај лимузините Audi A3, Audi A6 и Audi Q5. Наградите ги доделува Институтот за безбедност на автопатот и земајќи во предвид дека ги добија највисоките оценки, тие се и официјално најбезбедните возила во своите категории. Брендот со четирите прстени и во изминативе две години ги има добиено овие признанија за голем број на други модели. Воедно како продолжение на успесите во САД пристигна и платинестата награда од индустриската организација Лига на американските комуникациски професионалци за техничката анимација на A3 e – tron.

Audi RS 7 Sportback performance

Во Нов Зеланд, Audi RS3 Sportback беше прогласен за најпопуларно возило во својата категорија на изборот за автомобил на година. Моделот го импресионираше жирито со својот дизајн, компактност и ефикасна конструкција. Audi, исто така, доминира и на домашен терен, во Германија каде Audi e Kurzinfo доби признание за иновација во категоријата апликации. Станува збор за награди коишто ги доделува Германскиот совет за дизајн, непрофитна организација на Федералниот парламент на Германија.

Моделите на Audi со децении наназад ги поместуваат границите во автомобилскиот свет, стручниот тим посочува дека и понатаму ќе продолжи да се надминува себе си во инвентивноста.

Потрошувачка на гориво на гореспоменатите модели:

Audi А3 Spaceback:
Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 7,1-3,5 **, комбинирана емисија на CO2 во g/km: 164-92 **

Audi А6:
Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 9,4-4,2 **, комбинирана емисија на CO2 во g/km: 218-109 **

Audi S1:
Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 7,3-7,0 **, комбинирана емисија на CO2 во g/km: 168-162 **

Audi RS 3 Sportback:
Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 8,3-8,1 **, комбинирана емисија на CO2 во g/km: 194-189 **

Audi A3 e – tron:

Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 1,7-1,5 Потрошувачката на електрична енергија во kWh /100 км: 12,4-11,4 **; комбинирана емисија на CO2 во g/km: 39-35

** Потрошувачка на гориво, емисија на CO2 и ефикасноста зависи од пневматиците / тркалата кои се користат.