Новитети на “Јаболкото“: Apple News+, Apple Card, Apple Arcade…

20

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Apple повторно се обиде да се претстави како компанија што нуди забава и финансиски услуги, преку телевизиски услуги, кредитна картичка и онлајн игра, пишува Reuters.

Она што е новитет од компанијата, чие седиште е во Калифорнија, е Apple News+, платена верзија на Apple News, што вклучува списанија. Оваа услуга нуди можност корисникот да добива списанија според неговите желби и интереси.

Apple News+ претставува своевидна комбинација од стандардно списание и додадени анимации со што станува футуристичка верзија на едно дигитално списание. Оваа услуга на корисниците им е достапна по месечна претплата од 9,99 долари.

Apple TV Channels е услуга што ги поврзува сите претплати во едно и може да се гледа со препорака создадена од вештачка интелигенција. Може да се гледа на повеќе паметни уреди, а ќе биде достапна во  повеќе земји во светот.

Apple ја претстави и Apple Card, којашто има и дигитален и аналоген облик, компатибилна е со уредите на Apple и на корисникот му помага полесно да направи месечен план на сите трошоци.

Меѓу новитетите е и Apple Arcade – гејминг услуга што бара претплата. Игрите може да се играат на повеќе уреди на Apple без да бидат поврзани на Интернет, а ќе биде достапна во над 150 земји од оваа есен. Цената на претплатата сè уште не се знае.