Ново, добро платено занимање во Италија, за кое не треба образование и идеи

113

Во Италија се појави ново, добро платено пред сè телевизиско занимање – “продавач на своето мислење“ (опинионист), пишува дневниот лист Domani.

“За некој да биде продавач на своето мислење, не е потребно да биде експерт или техничко лице, не мора да има идеи, важно е само да има мислење за сè и сешто“, пишува авторот на текстот.

Тоа се личности со кои водителот на телевизиска програма разговара за различни теми.

“Нивно поле на делување се ТВ спектакли, како што се разни ријалити програми или попладневни програми во кои се откриваат нови таленти, спортски емисии или забави за ноќни телевизиски озборувања“, пишува авторот на статијата.

Фото: Pixabay