Ново истражување: Бензинците се сè попопуларни во Германија

101

Возачите во Германија покажуваат зголемен интерес за купување автомобили со бензински мотори, и покрај притисокот на еколошките активисти за возила со нула емисија, покажа истражување. Во истражувањето на Форса нарачано од Таргобанк, 30 отсто од возачите изјавиле дека би купиле автомобил со бензински мотор, според истражувањето објавено во неделата.

Во минатогодишното истражување нивниот удел бил 22 отсто. Во исто време, интересот за купување хибридни автомобили падна од 18 на 15 отсто, а благо ослабе и популарноста на електричните возила, кои сега би ги купиле 16 отсто од возачите, наспроти минатогодишните 17 отсто.

39% од испитаниците сметаат дека електричните автомобили се поеколошки
Еколошката слика на електричните возила континуирано слабее од 2016 година, покажа истражувањето. Денес, само 39 отсто од испитаниците веруваат дека електричните автомобили се поеколошки од автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Минатата година нивниот удел беше 44 отсто.

За годишната студија на Таргобанк за автомобили, институтот за истражување на јавното мислење Форса анкетираше повеќе од 1.000 интернет корисници кои зборуваат германски, се постари од 18 години, возат автомобил и се вклучени во одлуките за купување автомобили.

Фото: Pixabay