Ново Нордиск ја тужи Химс енд Херс за копии од лековите на Вегови

„Ново Нордиск“  објави дека го тужи онлајн давателот на здравствени услуги „Химс енд Херс“ за масовно пласирање во продажба на поевтини, неодобрени копии од таблетата против дебелина „Вегови“ во САД.

Данскиот производител бара од судот трајно да му забрани на гореспоменатиот давател на услуги да продава комбинирани верзии на своите лекови што ги кршат патентите на компанијата и бара отштета, објави CNBC.

Генералниот советник на „Ново Груп“ за глобални правни работи, Џон Кукелман, рече дека „тоа е целосна измама откако заврши недостигот“.
„Факт е дека нивните лекови не се тестирани и дека ги ставаат пациентите во опасност“, додаде тој, осврнувајќи се на тоа како безбедноста, ефикасноста и квалитетот на комбинираните лекови не се проверени од американските регулатори.

„Химс енд Херс“ планираа да го понудат оралниот лек за само 49 долари во текот на првиот месец, приближно 100 долари помалку од одобрената таблета „Вегови“ на „Ново Нордиск“, објави Танјуг.

Фото: Pixabay