Ново од Mitsubishi Motors – Concept G4 Compact Sedan

27

Image converted using ifftoanyMitsubishi Motors одлучи светската премиера на концепт возилото G4 Compact Sedan да го претстави на меѓународниот саем за автомобили во Тајланд, што треба да се одржи на крајот на овој месец.

Овој концепт модел кој треба да ја претстави новата генерација на компакт седан возило на Mitsubishi, се придружува на веќе претходно најавените две концепт хибридни возила, Concept GR-HEV, пикап возило кое е комбинација на електричен и дизелски мотор, како и концептот CA-MiEV, кое е електрично градско возило.

Concept G4 Compact Sedan се планира да биде глобално застапен. G4 Compact Sedan има краток нос, што треба да овозможи одлична прегледност и суперорност во управувањето, одлични странични пропорции кои го урамнотежуваат внатрешниот простор во споредба со останатите во својата класа кои имаат врвна аеродинамичност и динамична линија, која почнува од предниот горен дел и води кон задниот дел на возилото.

G4 концептот постигнува одлични резултати во поглед на потрошувачката на гориво, еден од најдобрите во својата класа. Со својата RISE (Reinforced Impact Safety Evolution) каросерија претставува еден од најлесните автомобили меѓу конкурентите. Ова возило го придвижува 1,2 литарски MIVEC мотор со CVT трансмисија. Удобноста на возачот и патниците е подобрена поради повисоката позиција на седење и широкото отворање на вратите кое го олеснува влегувањето во возилото.