Ново откритие- Златна жила е откриена на планина во близина на Нови Пазар на длабочина од 340 метри!

Златна жила откриена во Србија

Австралиската компанија „Стрикланд Металс“, 100% сопственик на проектот за истражување на злато, бакар и сребро на српската планина Рогозна во близина на Нови Пазар, објави дека пресретнала златна жила со повеќе од 10 грама злато на тон (10,1 g/t) на наоѓалиштето Градина.

Дијамантска дупчалка наишла на ова откритие на длабочина помала од 340 метри, а лентата се протега четири метри  во ширина.

Помал дел од златото во рудата е пронајден на длабочина од 404 метри (5,5 g/t), додека поплитко, на длабочина од 391,5 метри, Австралијците погодиле две жили со 4,3 6 g/t (лента од 16,7 метри) и 6 g/t (лента широка осум метри), според австралиските медиуми.

Ова е резултат од првото дупчење во Градина оваа година и покажува, како што објави компанијата, дека наоѓалиштето веројатно содржи само злато, за разлика од другите наоѓалишта на Рогозна – Меденовац, Шанац и Бакарни Кањон, каде што резервите на руда вклучуваат сребро, бакар, цинк и олово.

Стрикланд претходно откри висококвалитетно злато на поголеми длабочини на наоѓалиштето Градина, а сега бара плитка минерализација на овој вреден метал.

Последното откритие на злато се случи на северниот крај на наоѓалиштето и ја прошири претходно познатата минерализација на висококвалитетна руда за над 1 километар во должина и до 900 метри вертикално.

Проценките за минералните ресурси на наоѓалиштето се очекуваат до крајот на 2025 година, а досега е проценето дека 231 тони еквивалентно злато лежат под Рогозна.

Шест дупчалки моментално работат на Рогозна, од кои четири се на Градина. Седмата ќе пристигне наскоро, а Австралијанците планираат да дупчат 50.000 метри оваа година, пренесува Екапија.рс.