Ново Platinum Label виски од Johnnie Walker

291

Љубителите на популарното виски Johnnie Walker ќе можат да уживаат во уште еден нов вкус на брендот. Имено, производителот на овој светски познат пијалок на крајот на месецот ќе го пушти во продажба најновото виски Platinum Label.

johnnie-walker-platinum-label

Едно шише Platinum Label виски ќе се продава за 110 долари, цена што е точно помеѓу предводникот Black Label и врвниот Blue Label на Johnnie Walker.

Со својата цена Platinum ќе биде всушност поевтина опција од неговите 18 годишни “врсници” како Glenlivet и Macallan, кои се продаваат по цена до 200 долари.

Á¶´Ï¿öÄ¿ ½ÅÁ¦Ç° Ãâ½Ã

Eве како познавачите на доброто виски го опишуваат Platinum Label.

“Богат, комплексен вкус со одличен финиш, кој се чувствува долго откако ќе се вкуси пијалокот, потсетувајќи колку истиот бил добар”.