Ново поскапување на горивата

40

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање
на цените, се зголемуваат во просек за 3,62%. Според одлуката на регулаторите цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/литар.

Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 76,50 ден/лит.

Цените на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, и со тоа, цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 58,00 ден/лит.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 ден/кг и ќе изнесува 38,409 ден/кг.