Ново поскапување на горивата – дизелот се зголемува за 3 денари

175

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,293 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 53,587
ден/кг.