Новограц: Bitcoin ќе скокне над 1.000%

225

Извршниот директор на Galaxy Digital, Мајк Новограц, предвидува дека Bitcoin (BTC) би можел да скокне повеќе од 1.000% во следната половина деценија.

Во ново интервју за „Блумберг“, Новограц рече дека Bitcoin ќе флуктуира до крајот на оваа година, но ќе достигне шестцифрена цена за пет години, бидејќи усвојувањето на водечката криптовалута рапидно расте.

„Цела година мислев дека ќе бидеме во опсегот од 30.000 до 50.000 долари за BTC, ризик од пораст [a не за] паѓање. Но, мислам дека за пет години, ако Биткоинот не е 500.000 долари, грешам за циклусот на прифаќање“.

Главниот извршен директор на Galaxy Digital вели дека усвојувањето на средството во 2021 година порасна значително побрзо од интернет технологијата во 1990-тите.

„Гледаме циклус на усвојување кој се забрзува. Биткоинот порасна многу побрзо минатата година [и] криптовалутите пораснаа [повеќе] отколку што порасна Интернетот во своите најдобри години во 1990-тите. Гледам дека ова станува [популарно] насекаде. Ако е на Блискиот Исток или во пензиските фондови во Соединетите Држави, сите се подготвуваат да учествуваат“.

Новограц, исто така, вели дека неодамнешната одлука на Соединетите Држави и нивните сојузници да ги замрзнат средствата на централната банка на Русија откако Русија ја нападна Украина ќе биде катализатор за Биткоин и други дигитални средства.

„Мислам дека влегуваме во свет кој е непознат, каде што луѓето ќе се борат да разберат „која е резервната валута?“ САД не заминуваат, доларот не си оди. Но, ова нема да биде единствената [резервна валута]. И затоа мислам дека ќе ја видите оваа мешавина на средства – злато, секако дигиталните средства ќе бидат дел од [тие средства]. Целиот свет нема да се префрли на BTC преку ноќ. Но, ќе видите се повеќе луѓе кои велат: „Сакам да имам дел од моите пари надвор од суверенот“, додава Новограц.