Новости: Покрај море, Црна Гора увезува риба

23

ribariЦрна Гора троши околу 10 милиони евра за увоз на риба и преработки, иако е приморска држава. Богата со природни ресурси за развој на оваа стопанска гранка, Црна Гора нема ниту една фабрика за преработка на риба, пишува Вечерње новости.

“Црна Гора нема стратегија за развој на рибарството, а за тоа не се виновни рибарите. Во моментов во земјата нема ниту еден погон за преработка на риба”, вели за Новости директорот на здружението професионални рибари Јужен Јадран од Бар, Бошко Ивановиќ, и додава дека треба да се стимулираат луѓето кои се подготвени да инвестираат во рибарството.

Рибарите во неколку наврати добиле ветувања дека ќе се отворат погони за преработка на риба во слободната зона Пристаниште Бар, но до сега проектот не е реализиран.

“Потребни се поповолни кредити со грејс период од минимум две години, со прифатливи камати, донации од европските фондови за развој, учество на државата, за да се обезбеди нова опрема”, вели Ивановиќ.