Новото решение за купување на рати преку ИутеКредит достапно и во Анхоч

88

Опцијата за директна апликација за кредит при онлајн купување е отсега достапна и на веб продавницата на Анхоч. При посета на страницата www.anhoch.com, купувачите ќе можат од изберат производи и истите да ги купат на 24 рати преку наменски кредит од ИутеКредит Македонија. Процедурата за онлајн купување на рати е пред сé безбедна, брза и едноставна.

Процесот на апликација и одобрување е директно на сајтот на Анхоч, се завршува брзо во само неколку минути и се состои од само три чекори:

  • Го избирате вашиот омилен производ од www.anhoch.com
  • Се најавувате се со вашето корисничко име и лозинка
  • Бирате опција на колку месечни рати сакате да го плаќате производот

Апликацијата се процесира веднаш и добивате одговор за неколку минути.

Доколку апликацијата за кредит е одобрена, Анхоч ве контактира и ви ја доставува нарачката во предвидениот рок.

Максималниот износ за купување на производи од www.anhoch.com е до 120.000 денари, но истиот зависи од месечните приходи и вкупните обврски по кредити на потрошувачот, односно купувачот. Амортизациониот план се изготвува врз основ на еднакви месечни рати специјално изготвени со цел да се обезбеди одговорно кредитирање и навремено сервисирање на обврските по основ на кредитот. Може да аплицираат вработени лица, пензионери до 75 години, лица кои работат хонорарно, со договор на дело, авторски договор или самовработени.