НР развива луксузен паметен часовник во соработка со дизајнерот Бастијан

23

hp-smart-watch

Технолошката компанија НР развива луксузен и паметен часовник во соработка со американскиот дизајнер Мајкл Бастијан. Се очекува овој часовник да биде компатибилен со iOS и Андроид паметните телефони, а во продажба ќе се појави оваа есен и тоа само преку продажниот сервис Gilt.

Овој паметен часовник освен со врвниот премиум дизајн ќе има куќиште со радиус од 44 милиметри изработен од нерѓосувачки челик.

Иако се уште не е позната цената на часовникот, со оглед на неговите карактеристики и дизајн може да се очекува дека ќе биде висока, односно значајно поголема во однос на сличните Андроид паметни телефони кои во моментот се актуелни на пазарот.