Нудат 950 евра за три часа работа, но никој не се пријавува

342

И покрај хонорарот од 950 евра за три часа работа во текот на викендот, нема кандидати за работа во Штаерска (една од 9-те сојузни покраини во Австрија).

Општо познато е дека индустрискиот и угостителскиот сектор очајно бара квалификуван кадар, а сега тоа се одразува и на медицинската област. Иако понудата звучи примамливо, барем од финансиска гледна точка, се чини дека никој во Штаерска не е заинтересиран за работата на педијатар.

„Нудиме 950 евра за тричасовно дежурство во сабота и недела, од 9 до 12 часот, па ме интересира што се случува“, рече Клаус Песенбахер, медицински директор во Health Care Styria, за Kleine Zeitung, пренесува Fenix.

„Досега имаме само еден пензиониран педијатар кој ја презема должноста, но секако не секој викенд. Едноставно сè уште не сме успеале да ангажираме доволно лекари за тоа. Многумина едноставно се чувствуваат преоптоварени и не сакаат да работат за време на викендите “, истакна Песенбахер.