Нудат осигурување за да привлечат туристи

Канарските острови, со цел да привлечат повеќе туристи, нудат бесплатно осигурување што ги покрива сите дополнителни трошоци во случај да се заразат со Ковид-19.

“На овој начин, Канарските острови преземаат дополнителни мерка за поголема безбедност на туристите“, вели Јаиза Кастиља, регионална министерка за туризам.

Осигурувањето ги покрива трошоците за враќање дома, сместување во карантин и сите здравствени трошоци.

Предуслов за добивање на такво осигурување е лицето пред да дојде на Канарските острови да не знае дека има коронавирус. Овој вид на осигурување е воведено откако неколку европски земји издадоа предупредување или ги ограничија патувањата во Шпанија заради пораст на бројот на заразени во земјата.

Фото: Freepik