Њујорк сè уште е водечки финансиски центар во светот

28

Њујорк ја задржа својата позиција како водечки финансиски центар, додека Лондон го потврди второто место на глобалната листа, тесно надминувајќи ги Сингапур и Хонг Конг.

Њујорк е на врвот на глобалната листа од септември 2018 година, кога го престигна Лондон на водечката позиција, со 763 поени, покажува истражувањето кое вклучува 121 финансиски центар и се заснова на 147 фактори, пренесува Ројтерс.

Сепак, Лондон малку го намали заостатокот зад Њујорк, достигнувајќи 744 поени, што донекаде ќе го смири стравот од конкуренција по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Сингапур моментално заостанува само два бода зад Лондон и само еден поен подобар од Хонг Конг, кој го зазеде четвртото место, што сигнализира се поинтензивна борба за второто место на глобалната листа, пренесува Хина.