Нуклеарката Кршко ги помина тестовите за безбедност

60

Neuklearna elektrana Krsko

Словенечката управа за нуклеарна безбедност објави дека нуклеарката Кршко успешно го помина повеќегодишното тестирање на безбедноста.

По три години интензивен преглед на сите значајни безбедносни аспекти на нуклеарката Кршко, новото решение гарантира дека може да продолжи со работа. Проверката ја направиле преку десет стручни лица, а позитивните резултати ги потврдила и меѓународна група на независни експерти. Овие тестови на безбедност, објектите од ваков тип мораат да ги полагаат барем еднаш во 10 години.

Кршко се наоѓа на околу 100 километри источно од Љубљана и е во заедничка сопственост со Хрватска. Со комерцијална работа почна во 1983 година и обезбедува околу една четвртина од вкупната електрична енергија произведена во Словенија. Работата на нуклеарна централа е релативно стабилна и покрај тоа што автоматски се затвори во ноември минатата година, поради електрониката на мерниот систем.

Нуклеарката е дизајнирана да престане со работа во јануари 2023 година.