Numero Uno глобално се натпреварува против 140 тимови на NASA Space apps challenge 2017

47

13

Оваа година средношколците доминираа на Nasa Space Apps Challenge. Три тимови од кои два се Judge’s Choice, еден People’s Choice ќе се натпреваруваат за наградата посета на лансирање на ракета и меѓу нив жири комисија и претставници од NASA ќе го изберат победникот.

“Тимот Numero Uno ги плени срцата на публиката на овогодинешниот натпревар со своето триминутно видео за нашата планета Земја и ја доби номинацијата за People’s Choice Award категоријата на глобално ниво. Огнен Аревски, Томислав Живковиќ, Никола Стефановски и Емил Славковски работеа на предизвикот Earth is Cool! зададен од НАСА. Преку нивниот видео спот испраќаат силна порака дека земјата е единствена, а воедно и го поставуваат прашањето зошто е земјата единствена? Numero Uno ќе се обидат навистина да бидат numero uno и да отпатуваат во Флорида на лансирање на ракета, но за тоа ќе им треба поддршката од сите нас“, стои во соопштението.

Гласајте за нив на следниот начин:

  1. Регистрирајте се на следниот линк: https://2017.spaceappschallenge.org/auth/signup
  2. Кликнете на линкот што ќе го добиете на е-маил.
  3. На следниот линк кликнете и држете на копчето VОТЕ http://bit.ly/glasamzaNumeroUno
  4. Потоа секој ден гласајте по еднаш за нашиот претставник до објавувањето на победниците.