Nuraphone – слушалки што го прилагодуваат звукот според корисникот

23

nu

Фото: Nuraphone

Австралиската компанија Nura креираше слушалки што функционираат според аудио профилот на корисникот, пишува Criticism News.

Nuraphone го прилагодуваат звукот според претходно изработен профил на оној што ги користи. Апликацијата за iOS или Android систем може да зачува информации за три профили истовремено.

Слушалките се поделени на два дела, односно дел за над увото и уште еден што се става во увото. Новата технологија се нарекува Inova, а ја дистрибуира звучната фреквенцијата во два дела. Nuraphone прво работи со различни фреквенции помеѓу ниски 250hz високи 8kHz во времетреање од 60 секунди. Во овој временски интервал слушалките детектираат која фреквенција би била соодветна за одредениот корисник, за двете уши одделно.

Изработени се од лесен алуминиум и нерѓосувачки челик, имаат вграден систем за вентилација и мек силикон за дополнителен комфорт.