Nvidia очекува продажба од 12 милијарди долари во Кина во 2024 година

78

Nvidia е на пат да продаде чипови за вештачка интелигенција вредни 12 милијарди долари во Кина оваа година, и покрај американските контроли на извозот што го прекина бизнисот на компанијата на еден од најголемите светски пазари за полупроводници.

Групацијата од Силиконската долина, чија пазарна вредност неодамна достигна 3 трилиони долари, се очекува да испорача повеќе од милион нови H20 чипови во наредните месеци, според прогнозите на аналитичарите.

Чиповите H20 се дизајнирани да бидат надвор од ограничувањата на САД за продажба на процесори со вештачка интелигенција на кинески клиенти, пишува Financial Times.