Nvidia сега е највредната компанија во светот

Вредноста на акциите на технолошката компанија Nvidia на почетокот на денешното тргување на американските берзи е поголема за шест проценти, што се случи по уште еден квартал во кој таа оствари брилијантни резултати.

Ова значеше зголемување на вредноста на оваа компанија, која се занимава со производство на чипови, на 185 милијарди долари, додека нејзината пазарна капитализација (проценета вредност на издадените акции) изнесува 3,48 милијарди долари. Претходно, најмногу Apple и Microsoft беа највредните компании во светот.

Цената на акциите на Nvidia беше 150 долари по акција на крајот од минатата година, а дополнително се зголеми откако Доналд Трамп беше инаугуриран за претседател на Соединетите Американски Држави во јануари. Сепак, во април, по зголемувањето на американските царини, таа цена беше пониска од 95 долари по акција.

Цената на почетокот на денешното тргување на берзата е повисока од 140 долари  по акција, што е за 20 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Аналитичарите веруваат дека причината за овој раст е позитивната реакција на инвеститорите на приходите на Nvidia во првиот квартал. Тој приход изнесуваше 44,1 милијарди долари, што е повеќе од проценките на аналитичарите.

Во обраќањето до инвеститорите, извршниот директор на оваа компанија, Јенсен Хуанг, рече дека светот ја препознава вештачката интелигенција како суштинска инфраструктура, исто како електричната енергија и интернетот, и дека Nvidia е во центарот на оваа длабока промена.

Тој ја критикуваше царинската политика на Трамп, за која очекува дека ќе предизвика неговата компанија да изгуби 10 милијарди долари приходи, објавува весникот „Индипендент“.

Фото: Pixabay