Nvidia стана најтргувана акција на Волстрит

38

Nvidia е името што најчесто го слушаме последните месеци во контекст на победници на светските пазари.

Не е ништо чудно ако се знае дека оваа компанија има 80 отсто од пазарниот удел на најнапредните чипови кои се клучни за услугите за вештачка интелигенција.

Неговата пазарна вредност достигна два трилиони долари, пред неколку дена Nvidia стана најтргувана акција на Волстрит (на местото на Tesla), откако во последните 30 дена од тргувањето со Nvidia беше остварен просечен дневен промет од 36 милијарди долари.

Вредноста на акциите во петокот достигна рекордно високо ниво од 823 долари. Пред точно една година акциите вредеа околу 230 долари.