ОАЕ градат еколошки град вреден 354 милиони долари

23

untitled

Со цел да ја намалат зависноста од фосилни горива, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) градат еколошки град наречен Sustainable City, во близина на Дубаи, пишува Business Insider. Градот ќе ги користи обновливите извори на енергија, а компанијата која што стои зад големиот проект е Diamond Developers.

Планот на ОАЕ е Sustainable City да произведува повеќе енергија отколку што ќе троши. Неговото комплетирање ќе чини 354 милиони долари, а се очекува да биде готово до крајот на 2019 година.

Жителите во градот ќе се возат само со јавен транспорт –електрични автобуси, електрични автомобили или со коњски кочии и секој дом ќе биде опремен со сончеви панели. Досега околу 1.800 луѓе купиле домови, а 900 изнајмуваат.

Освен тоа ОАЕ има и големи планови за Дубаи – до 2050 година дури 75% од енергијата да биде од еколошки извори.

015034006ok
Фото Sustainable City