Објавен список на компании кои добиле пари од државата, а не исплатиле плата на работниците

100

Владата го објави списокот со компании кои добиле помош од државата преку анти-ковид мерките, но парите не им ги исплатиле на работниците.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера најави дека секој што го прекршил законот ќе одговара, а инспекторите ќе спроведат дополнителни контроли.

Глобите за компаниите кои добиле средства од државата, но не исплатиле плати на вработените се движат од 500 до 1.000 евра за микро компанија, од 500 до 2.000 евра за мала, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема компанија.

Фото: Freepik