Објавена е листата на најдобрите кафулиња во Европа – на неа е и едно од Белград

Каде да се напие добро кафе? Тоа е првото прашање што го поставува секој љубител на овој пијалок кога ќе дојде во некој град. И сега го имаме одговорот – Big 7 Travel објави листа на 50 најдобри кафулиња во Европа, а на неа се најде и едно од Белград.

Тоа е „Užitak“, сместено на 37. место на оваа листа.

Како што е наведено, ова место ги користи најдобрите зрна Арабика и служи автентични шолји кафе, заедно со избор на слатки задоволства, занаетчиски пива и сокови – тука има по нешто за секого. Посетителите овде ги пречекува музика, разговорни гости и љубезен персонал, што придонесува за инклузивната атмосфера што ја зрачи ова кафуле, забележува Big 7 Travel.

Загрепската Quahwa која нуди кафе од различни делови на светот е на 41. позиција, Тозд во Љубљана е на 22. место.

Не е изненадување што Италијанците се победници на оваа листа – на врвот е Gran Caffe Gambrinus, познато како најдоброто место во Неапол за пиење кафе. Погледнете на кои други места влегоа во топ 10.

10. Tim Wendelboe – Осло, Норвешка

9. Majestic Cafe – Порто, Португалија

8.Toma Cafe  – Мадрид, Шпанија

7. Good Life Coffee Roasters – Хелсинки, Финска

6.  The Barn – Берлин, Германија

5. Coffeewerk + Press – Голвеј, Ирска

4. Ozone Coffee Roasters – Лондон, Обединето Кралство

3. Drop Coffee – Стокхолм, Шведска

2. Caravan Coffee Roasters – Лондон, Обединетото Кралство

1. Gran Caffe Gambrinus – Неапол, Италија