Објавена е листата на најсреќните народи – Од Македонците се посреќни сите соседи

87

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според најновиот Светскиот извештај за среќа.

Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.

Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Мaкедонија на 87 место

Македонија е на 97 место, зад Конго и Јужна Африка.

Од соседните земји, Словенија е најсреќна на 22 место, Италија е 33, Србија 45 и Хрватска е на 48. место. Црна Гора е 67-та во Светскиот извештај за среќа, Бугарија на 77 место, а Босна и Херцеговина е 71-ва, Албанија на 83 место, додека Косово е 34 .место на листата.

На дното на скалата се главно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето останала „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, при што глобалните просеци во периодот од 2020 до 2022 година се исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

Фото: Pixabay