Објавена ковид мапа на ризични места во Европа

78

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) објави ажурирана мапа на Европа која го покажува бројот на потврдени случаи со Ковид-19. 

Земјите во поголемиот дел од Европа, се во зелена боја. Важен исклучок се Шпанија и Португалија, кои се претежно во црвената зона, што укажува на најголема инциденца.

Мапата ECDC се ажурира неделно. Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на бројот на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.

ECDC е европска агенција со седиште во Стокхолм, а нејзините ковид мапи се исто така индикатор за туристите дали е безбедно да се оди на некоја дестинација. На мапата Хрватска е во зелена боја. Доколку Хрватска остане во зелената зона, туристичките работници веруваат дека до крајот на сезоната би можеле да бидат многу поблиску до рекордната 2019 година отколку што се очекуваше, пренесува Index hr.

Португалскиот туризам е во незавидна ситуација бидејќи земјата минува низ нов бран од пандемијата. Во последните неколку дена тие ја преминаа границата од 3.000 нови дневни случаи, што не се случило од почетокот на февруари. Франција ги советуваше своите граѓани да ги избегнуваат Португалија и Шпанија ова лето поради брзото ширење на делта сојот.

Фото: Pixabay/ ECDC