Објавена листа на најпрометните аеродроми во светот

101

Аеродромите, со нивните долги колони можат да бидат најпреполните и најстресните места во светот.
И покрај негативните конотации поврзани со комерцијалниот воздушен транспорт, тој на глобално ниво е импресивен систем, со најголемите транзитни центри кои го бележат бројот на патници еднаков на населението во некои големи земји.

Денешниот инфографик е создаден од податоците од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI). На листата се наоѓаат 10-те најфреквентни аеродроми во светот.

Најпрометните аеродроми во 2022 година.
Во 2022 година, глобалниот патнички сообраќај се приближува до седум милијарди, што претставува зголемување од речиси 54 отсто во однос на 2021 година и закрепнување на 74 отсто од нивоата пред пандемијата.

Овие 10 аеродроми сочинуваа 10 отсто од вкупниот патнички сообраќај во светот минатата година. Половина од аеродромите се наоѓаат во САД, а бројките главно ги зголемиле домашните патници, вели генералниот директор на ACI.

Додека аеродромот во Атланта имаше најголем број патници со речиси 94 милиони, лондонскиот аеродром Хитроу забележа најголем раст на патничкиот сообраќај со годишен пораст од над 217 проценти.

Во овој збир на податоци, толку голем процентен пораст помеѓу 2021 и 2022 година обично се поврзува со олеснување или целосно отстранување на ограничувањата поврзани со пандемијата Ковид-19.