Објавена листа на најскапи и најевтини земји за живеење: Еве каде се наоѓа Македонија

120

Познатиот портал Numbeo ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот.

Како дошле до листата? Ги пресметале трошоците за домување, облека, храна, превоз, облека, интернет, комуналии, намирници…

Бермуда се наоѓа на првото место на листата најскапи земји, составена од 143 држави.

По неа доаѓаат Швајцарија, Норвешка, Исланд и Барбадос.

Македонија се наоѓа на 118 место на листата најскапи држави за живеење.

Од земјите во регионот, најскапа е Грција на 41 место, потоа Словенија која се наоѓа на 45 место, Хрватска 59 место, Црна Гора 87 место, Бугарија на 88 место.

Србија е на 94 место, а потоа доаѓаат Босна и Херцеговина 96 место и Албанија 99 место.