Објавена листата на најбогати во регионот – Што се смени за една година?

1882

На листата се случија големи промени. На листата доминираат три компании од Хрватска, од кои две се од високотехнолошката индустрија.

Српскиот неделник Недељник ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Како што велат, листата претрпе големи промени и сега доминираат три компании од Хрватска.

Според Недељник, најбогати луѓе во регионот се сопствениците на хрватскиот Инфобип Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ, чија компанија вреди 3 милијарди и 307 милиони евра. По нив следуваат Дубравко Гргиќ (3.124.000.000) од Аграм Груп и Мате Римац (3.047.000.000).

Следат двајца српски бизнисмени, Мирослав Мишковиќ од Делта Холдинг (3.036.779.758) и Миодраг Костиќ од МК Груп (2.723.012.075). Оваа година, пишува Недељник, Мишковиќ стана првиот Србин чии компании, и само на територијата на Србија, вредат повеќе од три милијарди евра.

Фото: Недељник