Објавена новата „црна листа“ на УЈП: Долгот надмина 12,4 милијарди денари

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2026 за долгови доспеани до 30.09.2025 и неплатени до 31.12.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Над 12,4 милијарди денари неплатени даноци: Кој се најде на новата листа на УЈП?
На Листата на должници бр.01/2026 објавени се 2032 должници – правни лица (помалку за 17 од претходната листа) и 3884 физички лица (помалку за 204 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2026 изнесува 12.412.009.343 денари, (повеќе за 17.999.039 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.198.980.979 денари, (повеќе за 15.744.599 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.028.364 денари (повеќе за 2.254.440 од претходната листа).
Целата листа на следниов линк