Објавена новата корона карта на Европа

192

Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави нова карта на Европа која покажува како секоја земја стои со новозаразените. Бугарија, Словенија, Франција, Португалија… се означени со црвена боја на новата корона карта што ја објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во четвртокот. Влошената епидемиолошка состојба влијаеше на новата карта со црвена боја да бидат обележени и осум жупании во Хрватска, а пожолте и дел од Романија. Во Италија, пак, поцрвене Лацио, регионот околу Рим.

Унгарија, Словачка, Чешка и Полска се единствените членки на ЕУ оставени со зелена боја, додека останатите се целосно црвени или имаат портокалови делови.

Епидемиолошката карта за Европа на ЕЦДЦ се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и процентот на позитивни тестови во вкупниот број тестирани.

Зелени на картата на ЕЦДЦ се регионите во кои 14-дневната стапка на инфекција на 100.000 население е помала од 50, а процентот на позитивни на Ковид-19 од тестираните е помал од четири проценти, или 14 дневната инциденца е помала од 75, а процентот на позитивни помал од еден отсто.

Црвената боја значи 14 дневна стапка од 75 до 200, со удел на тестираните поголем од четири проценти, како и областите каде што стапката на инфицирани во последните 14 дена е 200 до 500, а темноцрвени се областите во кои стапката е поголема од 500 во последните две недели.

Картата на ЕЦДЦ е советодавна, но некои земји -членки на ЕУ се потпираат на неа кога воведуваат епидемиолошки ограничувања при влез во земјата.