Објавени нови бројки за платите во Германија – каде се највисоки, а каде најниски

133

Сојузниот завод за статистика во Германија објави колкави плати се земаат во различни професии, пренесува магазинот Fenix.

Просечниот приход во 2020 година во Германија изнесуваше 47.700 евра бруто (пред оданочување), што значи дека во текот на првата година од пандемијата, приходот падна во просек за 300 евра во споредба со претходната година.

Посебните плаќања, на пример во форма на одмор или бонуси, не се вклучени во податоците анализирани од експертите.

Користејќи ги најновите статистички податоци, германскиот деловен весник “Handelsblatt состави специјален извештај во кој се анализираат просечните приходи на вработените во Германија и дека варира во зависност од индустријата, регионот и полот на вработените.

Податоците од Федералното биро за статистика покажуваат дека вработените кои работат во финансиските и осигурителните услуги, како и во ИТ секторите, се оние кои заработиле најмногу во 2020 година.

Родови разлики

Фактор што влијае на износот на заработката е полот. Според извештајот на заводот, просечниот бруто приход за мажи кои работат со полно работно време во 2020 година изнесува 22,78 евра на час, додека за жените кои работат со полно работно време изнесува 18,62 евра.

Просечен месечен (бруто) приход во Германија по индустрија во 2020 година

Финансиски и осигурителни услуги 5.602 евра

Информации и комуникација 5,248 евра

Снабдување со енергија 5.218 евра

Научни и технички услуги 4.933 евра

Образование 4.650 евра

Недвижнини имот 4.271 евра

Производство 4.271 евра

Јавна администрација, одбрана и социјално осигурување 4.091 евра

Рударство 4,083 евра

Преработувачка индустрија 4.062 евра

Услужна дејност 4.033 евра

Уметност и рекреација 3.871 евра

Други услуги 3,871 евра

Трговија 3.735 евра

Водоснабдување 3.617 евра

Изградба 3.540 евра

Транспорт и складирање 3.164 евра

Хотели и ресторани (угостителство) 1.893 евра.

Фото: Pixabay