Комисијата за финансиски надзор на Бугарија излезе со бројките на осигурителните компании во 2019 година. Според сумираните бројки на осигурителните друштва, тие имаат реализација на бруто полисирана премија во износ од 1,5 милијарди евра, што е за 15% повеќе во однос на претходната година.
Околу 83% од БПП е полисирана на полиси за неживотно осигурување (1,23 милијарди евра и 15,5% раст), а остатокот од 17% е генериран со полиси за животно осигурување (255 милиони евра и пораст за 11,4%).
Најдобри бројки во осигурителниот сектор на живот оствариле Булстрад Лајф ВИГ со 30% удел на пазарот, после ова друштво доаѓа ДЗИ Лајф Иншуранс со 22% и трет е Алианц Булгариа Лајф со 18%.
Во делот на неживотно осигурување овој сектор бележи неверојатен скок од речиси 300% од 21 милиони евра во 2018 година на 60,83 милиони евра. Најдобри резултати во овој сектор има ДЗИ групацијата со 14 милиони евра, втор е Генерали со 11 милиони евра и Алианц Бугарија е трет со 9,26 милиони евра, додека со сериозна загуба заврши Групама со минусно салдо од 820 илјади евра.
Вкупната пазарна добивка во животниот сектор изнесува 14,67 милиони евра што е за 34,4% подобро остварување во однос на профитот во 2018 година. Алианц Лајф со 3,63 милиони евра е најпрофитабилна, по неа следи ДЗИ Лајф со 3,33 милиони евра и Уника Лајф со 3,29 милиони евра.
Фото: Комисија за финансиски надзор на Бугарија