Објавено колкави се платите по професија во Германија: Еве кој добива 8.739 евра

127

Луѓето со високо образование во Германија генерално заработуваат повеќе во подоцнежниот професионален живот, потврдуваат статистиките, пренесува dpa.

Постојаните вработени со завршено професионално образование во април минатата година во просек заработиле 3.521 евро бруто, се наведува во извештајот на германскиот завод за статистика.

Без стручна диплома просечната плата била 2.817 евра, односно 700 евра помалку отколку со завршена стручна диплома.

Академските граѓани со магистерски студии заработувале во просек по 6.188 евра месечно. На самиот врв, со просечни 8.687 евра, се најдоа доктори на науки или професори. Сите износи се однесуваат само на плата без дополнителни приходи.

Државниот завод за статистика има развиено и интерактивен модел за споредба на платите, кој може да земе предвид и други фактори како што се стажот во компанијата, регионот или видот на активност.

Исто така, постои голема разлика во заработката помеѓу одредени занимања. Така, со просечни 3.559 евра, негувателите на стари лица заработуваат двојно повеќе од фризерите (1.778 евра). Највисока плата имаат пилотите – 8.739 евра.