Италијанскиот производител на јахти Benetti ги сподели првите фотографии од луксузната Ocean Paradise, најновата јахта на брендот која ќе биде претставена на шоуто за јахти во Монако (Monaco Yacht Show), кое се одржува од 25 до 28 септември.
Јахтата е долга 55 метри а е направена на бродоградилиштето Ливорно во Тоскана.
Дизајнирана според барањата на сопственикот на бродот, богат бизнисмен од Сингапур, јахтата е совршена комбинација на последна технологија и ултра луксузен дизајн.
Сите подесувања се контрилирани со автоматски системи. Ентериерот е минималистички, со спој на транспарентни материјали и отвори, како огромни прозорци во дневната, преку кои постојано влегува природна светлина.
Јахатата Ocean Paradise вклучува 4 кабини за гости со мермерни бањи и мастер апартман со сопствена тераса на главната палуба.
На горната палуба е сместен приватен клуб-плажа, опремен со солариум, базен со водопад, сала за вежбање мини бар со диџеј.