Очекувањата на европските потрошувачи се влошија во ноември по неколкумесечен благ оптимизам, покажа извештајот на Европската комисија, по индициите за забрзан раст на цените во ЕУ и во еврозоната.
Индексот кој го мери расположението на потрошувачите во еврозоната падна во ноември за 1,2 поени во однос на октомври, на минус 13,7 поени, што е најниско ниво од јуни, покажуваат пресметките на ЕК. Така, неговата вредност се намали за прв пат од јуни.
И индексот кој ги следи очекувањата на потрошувачите во ЕУ покажува влошување, првпат од крајот на минатата година, со пад на вредноста за 1,1 поен, на минус 12,4 поени.
Истражувањето на тој начин покажа дека расположението на европските потрошувачи паднало дури и пониско од долгорочниот просек во ноември, утврдила Комисијата, која преку анкети собирала податоци од 1 до 20 ноември.
Влошувањето на очекувањата на европските потрошувачи уследи по проценките на Евростат, Европската статистичка служба, според кои инфлацијата во ЕУ и еврозоната забрза во октомври за првпат од почетокот на летото на 2,3 или два отсто.
Европската комисија на крајот на месецот ќе објави целосен извештај за очекувањата во економијата, пренесува Хина.